Семејство со три деца се задуши на Нова година
Седумчлено семејство во Русија починало по новогодишната вечера.
Трагедијата се случи во Скворцовка во областа Курманаевск. Полицијата пронашла седум тела, меѓу кои и на три деца на возраст од пет, шест и 16 години.
Се претпоставува дека ќерката со сопругот и трите ќерки заедно со нејзиниот брат дошле на вечера кај нивниот татко. Куќата се загревала со печка на гас, за која е утврдено дека е неисправна.
Истражните органи сметаат дека просторијата се преполнила со јаглероден моноксид од лошо затворената печка и тоа ја предизвикало смртта на целото семејство.
Телата се предадени на обдукција.
Слично
