Семеен насилник уби двајца полицајци во САД, се уште е во бекство
Двајца полицајци од Палм Спрингс во Калифорнија се смртно застрелани откако реагирале на повик за семејно насилство, а напаѓачот кој ранил уште еден полициски службеник потоа побегнал. Убиени се полицајците Хозе Вега на 35 годишна возраст и Лесни Зеребни која била мајка на 4 месечно бебе.
Се организира голема потера по убиецот кој во полицајците пукал позади влезната врата на неговата куќа без никакви знаци на предупредувања. Шефот на полицијата Брајан Рејес посочи дека ова е многу трагичен ден бидејќи одделението било мало и сите добро се познавале меѓу себе и ова се први нивни жртви по 50 години.
Слично
