Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЧКИ ГО ОКУПИРАА ДАВОС, НАПЛАЌААТ И НАД 2.000 ЕВРА ПО НОЌ: Самитот на светските лидери собира и елитни проститутки

СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЧКИ ГО ОКУПИРАА ДАВОС, НАПЛАЌААТ И НАД 2.000 ЕВРА ПО НОЌ: Самитот на светските лидери собира и елитни проститутки

Светската елита, која на самитот во Давос се занимава со најголемите проблеми во светот - вклучувајќи ја и родовата нееднаквост - поттикнува бран на проституција во швајцарското одморалиште, пишува Дејли мејл.

Побарувачката за „сексуални работници“ нагло се зголемува секоја година на собирот на светските лидери и бизнисмени кои доаѓаат од целиот свет да се дружат меѓу себе, но очигледно бараат и поинакво друштво.

Жените придружници се резервирани да пристигнат во истите хотели каде што престојуваат врвните лидери и нивниот персонал за време на петдневниот самит што започна вчера.

Една проститутка од висок профил, по име Лијана, рече дека се облекува во деловна облека за таа пригода за да не се издвојува од останатите, и покрај тоа што проституцијата е легална во Швајцарија. Таа за германски „Билд“ изјави дека редовно се гледа со Американец кој неколку пати годишно ја посетува Швајцарија, а кој исто така е меѓу 2.700 учесници на конференцијата.

Лијана  наплаќа околу 700 евра за еден час или 2300 за цела ноќ, плус патни трошоци. Менаџерката на службата за придружба во Аргау, на помалку од 200 километри од Давос, вели дека веќе добила 11 резервации и 25 прашања и очекува уште многу оваа недела.

Сето ова се случува на собирот на кој оваа година ќе се разговара за теми како што се војната во Украина, глобалните стапки на инфлација, климатските промени и глобалната нееднаквост.

Овој елитен собир е редовно напаѓан од критичари кои тврдат дека учесниците се премногу недопирливи или премногу ориентирани кон профит или моќ за да ги задоволат потребите на обичните луѓе и на планетата. Во текот на неделата, критичарите и активистите ќе чекаат пред конференцискиот центар во Давос за да побараат одговорност од носителите на политички одлуки и бизнис лидерите. 

фото: EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Слично

Поврзани вести