СЕКС СКАНДАЛ ја тресе британската Влада!
Претставникот на конзервативните Ториевци во британскиот Парламент Брукс Њумарк си поднесе оставка на функцијата министер за граѓанско општество во Владата на Дејвид Камерон, откако во јавноста се појавија негови разголени фотографии, кои ги праќал преку социјалната мрежа Твитер.
Да ги испрати фотографиите преку приватна порака Њумарк го намамила млада „активистка“, но всушност станувало збор за лажен профил креиран од новинарот на британски весник „Сандеј Мирор“.
Министерот „паднал“ на измамата и преку приватна порака на Твитер и испратил неколку свои разголени фотографии, кои завршиле во весникот.
„Не можам да обвинам никого освен себе. Ги повредив оние кои ми значат најмногу“, изјави Њумарк. Во поднесената оставка бара да се почитува неговата приватност.
„Навистина ми е жал, но сега ми е потребно време само со семејството“, рекол тој.

Слично