Секс скандал го тресе хуманитарниот свет
Три жени поднеле пријава за малтретирање против некогашниот директор на организацијата на британската кралица „Спасете ги децата“, Џастин Форсит, кој во моментов е вработен во Уницеф. Уницеф соопшти дека немале информации оти заменик-извршниот директор Форсит е обвинет оти на претходната работа вознемирувал свој колешки. Најновите информации од организацијата на ОН говорат дека Форсит поднел оставка на функцијата во Уницеф
Форсит пред неколку дена призна дека се впуштил во неадекватна конверзација со три млади жени, кои работеле со негов во „Спасете ги децата“. Тој им се извини за испраќањето на непристојни СМС-пораки.
Како заменик-извршен директор на Уницеф, Форсит беше поставен во 2016 година, пишува „Дејли мејл.
Тој инаку е поранешен советник на бившите британски премиери Тони Блер и Гордон Браун. Форсит работел и во хуманитарната организација Оксфам, која неодамна беше во фокусот на јавноста по секс-скандалот.
