Економија, финансии, бизнис

Контакт

Секојдневни закани по живот за чешкиот министер за финансии

Секојдневни закани по живот за чешкиот министер за финансии
Чешкиот министер за финансии Мирослав Калоусек секојдневно добива закани по животот, a денеска на негова адреса пристигна и купшум во плик, м кој стигна во коверт. Од неговиот кабинет последниот случај го нарекоа секојдневна агенда на поштата на министерот.

Куршумот, кој стигнал по пошта, бил од пиштол што се користи за спортски стрелби или за лов, пренесоа чешките медиуми кои посочуваат и дека Калоусек имаше голем број на закани во ноември минатата година откако на интернет беше објавен бројот на неговиот мобилен телефон.

Министерот важи за човек без влакна на јазикот. Пред две години во прекршочна постапка беше казнет да плати 40 евра затоа што му удри шлаканица на едно момче кое го навредувало.

Слично

Поврзани вести