Секоја петта рубља ќе оди за одбрана
Расходите на рускиот буџет за национална одбрана во следните три години ќе се зголемат за 33% и ќе достигнат 21,2% од вкупниот државен буџет на Русија.
Ова произлегува од приложениот материјал кон нацрт-законот за федерачниот буџет на Русија за периодот 2015-2017, кој владата веќе го доставила до руската Дума.
Зголемувањето на инвестициите во одбраната е во рамките на планиранат воена модернизација, која се очекува да чини 503 милијарди американски долари.
Реалниот удел на расходите на Русија наменети за националната одбрана постојано расте. До 2016 година се очекува тој удел да порасне на 3,8% од рускиот БДП. За споредба, САД на одбрана трошат 4,4% од БДП, Велика Британија - 2,5% од БДП.
Слично
