Секој втор Русин поддржува употреба на воена сила за Украина да не влезе во НАТО
Анкета на „Си-Ен-Ен“ покажува дека секој втор Русин поддржува употреба на воена сила за Украина да не влезе во НАТО. Анкетирани се луѓе во Русија и Украина. Анкетата, која опфати повеќе од 1.000 лица во секоја земја, е спроведена онлајн од 7 до 15 февруари.
Една четвртина од испитаниците, рекле дека такво нешто би било погрешно. Анкетата покажува дека 43 отсто од Русите веруваат дека употребата на воена сила против Украина со цел приклучување кон Русија би било погрешно. Но, 36 отсто од испитаниците веруваат дека тоа би било правилно. Другите испитаници одговориле дека не знаат што е правилно.
Но, повеќето луѓе во Украина не се согласуваат со употребата на сила против нив. Седум од десет испитаници таму велат дека би било погрешно Русија да употреби воена сила за да ја спречи Украина да влезе во НАТО (70 отсто) или да ги обедини двете земји (73 отсто). Повеќето Украинци го отфрлаат тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот дека нивната земја нема историска основа и дека во суштина е креација на Советскиот Сојуз. Мнозинството Украинци велат дека не се „еден народ“ со Русите и дека двете држави не треба да бидат една целина.
Светот се соочува со голема опасност во врска со украинската криза, изјави денеска генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. Украина прогласи вонредна состојба.
foto EPA
