Секој петти во Германија е со имигрантски корени
Секој петти човек кој живее во Германија во 2015 година, имал мигантски корени, соопшти денеска Федералната статистичка служба. Станува збор за 17,1 милиони луѓе. Податоците покажуваат рекорден број на луѓе со странско потекло - 4,4% повеќе во однос на 2014 година.
Потеклото на овие луѓе е поврзано главно со три земји - Турција, Полска и Русија. Во статистиката не се вклучени поголемиот дел од пристигнатите околу милион бегалци минатата година во земјата. Федералната статистичка служба ги дефинира како мигранти луѓето кои биле родени или на кои барем еден од двајцата родители биле со странско државјанство.
Во меѓувреме, денешна студија на социолошката агенција „ТНС Емнид“ за светското списание „Фокус“, покажа дека 60% од Германците сакаат да биде ставен лимит на бројот на бегалците кои влегуваат во Германија.
За таква горна граница инсистира баварската Христијанско-социјална унија, која повикува во земјата да биде дозволен број на повеќе од 200 илјади бегалци.
