Секој ден по илјада фирми се затвараат во Италија
Мината година секој ден по 1000 фирми биле затворани воо Италија. Како што соопшти Асоцијацијата на италијански трговски комори „Унионкамаре“, во текот на 2012 година се затворени вкупно 364.972 фирми, односно 24.000 повеќе отколку во 2011 година, пренесоа италијанските медиуми.
„Унионкамаре“ наведува дека четврти пат во послендите шест години бројката на затворени компании достигнува илјада дневно.
Асоцијацијата додава дека во 2012 година биле отворени 7.427 фирми помалку отколку во 2011 година, но и натаму повеќе компании се отворени отколку што се затворени.
Слично
