Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЕКОИ ДВА ДЕНА ПУТИН СТАВА МИЛИЈАРДА ВО ЏЕБ“: Поранешен економски советник на рускиот претседател тврди-само се еден потег ќе стави крај на војната

„СЕКОИ ДВА ДЕНА ПУТИН СТАВА МИЛИЈАРДА ВО ЏЕБ“: Поранешен економски советник на рускиот претседател тврди-само се еден потег ќе стави крај на војната

„Бизнис инсајдер“ наведува дека руската економија, според проценките, годинава ќе се намали за 15 отсто поради западните санкции и повлекувањето на компаниите од земјата по започнувањето на инвазијата на Украина.

Поранешниот главен економски помошник на Владимир Путин, Андреј Иларионов, смета дека клучот за ставање крај на руската инвазија на Украина е целосното нафтено ембарго.

- На секои два и пол дена милијарда евра одат во џебовите на Путин. Тоа многу му помага да продолжи да го води својот систем, да продолжи да ја финансира војната. Кога овој прилив ќе биде запрен, Путин ќе мора да ја преиспита својата политика бидејќи нема да има многу ресурси за финансирање на понатамошна агресија. Ако западните земји се обидат да спроведат вистинско ембарго на извозот на нафта и гас од Русија... Би се обложил дека за месец или два руските воени операции во Украина веројатно ќе престанат, тие ќе бидат прекинати“, изјави Иларионов за Би-Би-Си.

Советникот на Путин од 2000-2005 година, Иларионов, оцени дека рускиот претседател веројатно бил охрабрен од постојаниот прилив на приходи од извозот на енергија, што му овозможило да ја продолжи војната. Тој рече дека целосното ембарго за нафта и гас е многу ефикасен инструмент кој се уште е во рацете на западните земји.


Слично

Поврзани вести