Економија, финансии, бизнис

Контакт

Секое ново второ работно место во Германија е зафатено од имигрант

Секое ново второ работно место во Германија е зафатено од имигрант

Секое второ ново работно место во Германија во изминатите години беше зафатено од имигранти. Ова го покажуваат податоците на Германскиот институт за економски истражувања (DIW).

"Имигрантите заземаат голем удел од рекордното вработување во Германија денес", нагласува претседателот на DIW Марсел Фрацчер во интервју за германскиот весник Rheinischen Post.

"Над половина од речиси 2 милиони новосоздадени работи места од крајот на 2010 се зафатени од мигранти", додава тој.

"Бегалците имаат потенцијал долгорочно да ги пополнат дупките на пазарот на труд во Германија, ако нивната интеграција се реализира", забележува Фрацчер.

Во изминатата година во Германија пристигнале над 1 милион бегалци.

Слично

Поврзани вести