Сеизмологот Жан Пол Ампуеро предупредува на пострашни земјотреси
Сеизмологот Жан Пол Ампуеро од Калифорнискиот технолошки институт ги предупредува властите дека можни се многу пострашни земјотреси кои би се активирале на многу поголема длабочина на земјата каде составот е многу потопол и карпите лесно се движат.

Тој води истражувања од 2012-та кога во Индискиот океан се случи силен земјотрес со магнитуда од 8.6 степени според Рихтер што внесе голема конфузија во научната јавност. Ампуеро предвидува доколку сличен ефект се повтори во Сан Андреас процепот тогаш може да дојде до катастрофален земјотрес во Калифорнија кој би предизвикал огромни човечки жртви.
Според наодите на Ампуеро земјотреси може да очекуваме и на длабочина поголема од 20 километри, но со подеднакви штети.
Слично
