Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕГА И СРПСКИ ПИЛОТ СВЕДОЧИ ЗА СРЕДБА СО ВОНЗЕМЈАНИ: „Двапати видов НЛО, во еден момент антигравитациски исчезна пред нашите очи“

СЕГА И СРПСКИ ПИЛОТ СВЕДОЧИ ЗА СРЕДБА СО ВОНЗЕМЈАНИ: „Двапати видов НЛО, во еден момент антигравитациски исчезна пред нашите очи“

Откако тројца членови на американската војска сведочеа пред Комисијата за надзор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес за неидентификувани летечки објекти и постоење на вонземјани, сведоци почнаа да се јавуваат и во Србија, тврдејќи дека имале „блиски средби со трет вид“.

Воениот и пробен пилот Велибор Вукашиновиќ, кој своевремено беше и директор на ЈАТ, отворено ги сподели своите искуства во врска со неидентификуваните летечки објекти.

Тој во гостувањето на ТВ Курир откри дека во кариерата како припадник на воздухопловните сили имал две средби со НЛО.

-Првпат го видов во раните 80-ти. Бев целосно магнетизиран од структурата на новиот авион кој повеќе не можеше да лета. Еднаш на тренажен лет видов НЛО над Топола што беше далеку и полека се движеше - изјави Вукашиновиќ.

Вториот пат, како што вели, до себе имал сведок - негов ученик.

- Вториот пат бев со Радој Ракочевиќ, мојот тогашен ученик. Седевме во борбен авион и летавме над Батајница кога видовме тело како лета над Панчевскиот хиподром. Тоа беше сребрено тело, елипсовидно по структура. Ја известивме контролата на летање и полетавме до тој објект. Во еден момент само антигравитациски исчезна пред нашите очи – рече Вукашиновиќ.

Инаку, поранешниот американски разузнавач Дејвид Груш, сведочејќи под заклетва пред американскиот Конгрес, рече дека „владата на САД поседува авиони во кои е пронајден биолошки материјал од нечовечко потекло“.

Груш претходно добиваше големо внимание по тврдењата дека „вистината се прикрива 90 години, а во сето ов е вклучен и Ватикан“, пишува BusinessInsider.

- Таму во 1933 година, италијанската влада под Бенито Мусолини го откри UAP, кој подоцна беше преместен во безбедна база во Италија до крајот на фашистичкиот режим. Папата Пијус XII. им кажа на Американците што поседува Италија и на крајот заврши кај нив. Црквата знае за постоењето на нечовечка интелигенција на нашата планета - рече Груш во јуни.

ФОТО: Twitter

Слично

Поврзани вести