Сега е најдоброто време за купување уметност
Сега e добро време за купување современа уметност, иако цените никогаш не биле повисоки, смета колекционерот од Далас, Хауард Ракофски, пренесува „Bloomberg“.
Поранешниот менаџер на хеџ фондови и неговата сопруга Синди присуствуваа на „Art Basel’ - најголемиот саем за дела од 21-тиот и 20-тиот век во светот. На овогодинешното 44-то издание беа склучени многу зделки, откако во мај продажбата на современа уметност во Њујорк регистрира обрт од 1,1 милијарди долари.
„Пазарот не би можел да е посилен", коментира 69-годишниот Ракофски.
„Постојат многу дела со повеќе од скромни цени, особено на млади уметници. Постојат добри можности", додава тој.
Според него растот на цените се должи на концентрацијата на богатство.
„Откако си купил три куќи, две јахти и авиони, најблескава демонстрација на богатство е она што виси на ѕидовите - особено ако твоите пријатели се разбираат од овие работи", објаснува колекционерот.
Ракофски вешто го искористи берзанскиот крах на пазарот на уметности во 2008-2009 година, па во јуни 2008 година тој ја продава скулптура на Џеф Кунс на аукција на “Christie's International“ за рекордни 12,9 милиони фунти (25,8 милиони долари).
Ракофски штотуку си купи дела на италијанските уметници Мимо Ротела и Марио Мерц, за 500 000 и 150 000 долари. Семејството на колекционери е меѓу најпознатите купувачи на уметност во САД.
Во последните 4 години семејството купува јапонска повоена уметност и веќе поседува околу 100 дела на познати уметници. Според Ракофски тоа е потценета област на пазарот.
Слично
