Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сее смрт на сите страни: Мистериозна болест однесе 17 животи во Нигерија

Сее смрт на сите страни: Мистериозна болест однесе 17 животи во Нигерија

Мистериозната болест се појавила во почетокот на неделата во градот Оде Иреле  на југоистокот од Нигерија.

Досега од непознатата болест починале најмалку 17 луѓе а оваа болест ги убива заболените во рок од 24 часа пишува српски курир.

Болеста, чии симптоми вклучуваат главоболка, губење на тежина, замаглен вид и губење на свеста, ги убива своите жртви во рок од 24 часа , од првите симптоми.

Акинмаде навел дека лабараториските тестови ја исклучуваат еболата или било кој друг вирус. Тој додал дека во Оде-Иреле стигнале здравствени работници, експерти од владини и хуманитарни агенции како и епидемиолози од Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО соопштува дека има информации за 14 случаи на болеста, од кои 12 се мртви. Покрај 17 мртви во изминативе 72 часа не е забележан ниту еден нов случај на болеста и таа не се проширила надвор од градот.

Претставник на СЗО, Тарик Јашаревиќ, изјавил дека примероци од крв, урина и ликвор од уште две жртви се испратени на анализа во Универзитетската болница во Лагос, но резултатите сЕ уште се чекаат.

Слично

Поврзани вести