Седумнаесет џихадисти од ИД влегле во Европа како бегалци
Според германското разузнавање меѓу нив се и камиказите од нападите во Франција.
Седумнаесет џихадисти од терористичката организација Исламска држава (ИД) се претставиле како бегалци, за да влезат во Европа, но повеќето од нив веќе се мртви или се во затвор. Ова го тврди шефот на германското разузнавање, Ханс-Георг Масиј за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг".
„Постојат јасни докази, според кои седумнаесет лица кои дејствуваат под команда на ИД патувале, претставувајќи се како бегалци од регионите со вооружени конфликти во Сирија и Ирак“ - истакнува Масиј.
Масиј повторно предупредува дека Германија може да стане предмет на напади, како оние на меѓународниот аеродром во Истанбул, а пред тоа во Брисел и во Париз.
