Економија, финансии, бизнис

Контакт

Седница на американскиот сенат – излез од кризата или банкрот на САД?

Седница на американскиот сенат – излез од кризата или банкрот на САД?
Американскиот Сенат денеска ќе ја одржи уште една седница на која ретко се случува во историјата на земјата, на која сенаторите уште еднаш ќе се обидат да најдат излез од критичната ситуација со буџетот и таванот на надворешниот долг . Претседателот Барак Обама не сака двете прашања да се врзуваат, бидејќи на тој начин републиканците можат да уценуваат владата. Таванот на долгот на Владата од 16,7 трилиони долари ќе биде достигнат по 4 дена, што може да доведе до банкрот на земјата. Белата куќа се противи на идејата на републиканците таванот привремено да биде зголемен за неколку месеци и сака да биде изгласано трајно решение . Поради ќор-сокакот претседателот на Светската банка  Џим Јонг Ким веќе предупреди дека целата светска економија се соочува со многу тежок момент . Тој посочи дека буџетската криза во САД , која доведе до делумeн прекин на работата на државната администрација , се заканува да ја поткопа глобалнaта доверба и да им наштети на најсиромашните нации.
Слично

Поврзани вести