Економија, финансии, бизнис

Контакт

Седмиот бран на коронавирусот се шири во Европа

Седмиот бран на коронавирусот се шири во Европа

Нов бран на коронавирус има во Европа. 

На европско тло се случува седмиот бран на Ковид-19. Новиот скок на заразените може да се објасни со олабавувањето на мерките за заштита, но и со намалувањето на имунитетот на луѓето. Сега е познато дека заштитата што ја обезбедуваат вакцините и претходните инфекции слабее по неколку месеци.

„Луѓето инфицирани со омикрон сојот во декември се помалку заштитени од заразените на почетокот на годината. Истото важи и за имунитетот што го постигнуваат вакцините, иако тој останува многу силен против тешките форми на болеста, малку е послаб за помалку тешки форми“, рече директорот на францускиот истражувачки центар ЦНРС, Семјуел Алисон.

Научниците исто така велат дека новиот бран се објаснува и со развојот на новите омикронски подваријанти, BA.4 и BA.5.

Новите потсоеви побрзо се шират поради двојните карактеристики што ги имаат, нивната поголема заразност и поради слабеењето на имунитетот, односно можноста за избегнување на имунолошкиот одговор.

Соседна Грција има над 20.000 заразени со коронавирусот според најновиот извештај. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести