Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕДЕШЕ ДО НЕА НА ПОСЛЕДНАТА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА - почина портпаролката на Ангела Меркел

СЕДЕШЕ ДО НЕА НА ПОСЛЕДНАТА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА - почина портпаролката на Ангела Меркел

Портпаролката на владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел, Мартина Фиц, почина по тешко боледување, соопшти германската влада.

Фиц на 29 октомври последен пат седна до Меркел на последната прес-конференција на поранешната канцеларка.

Портпаролот на германската влада Стивен Хебестрајт изјави дека Фиц починала по кратко, тешко боледување. Според „Т-Онлајн“, Фиц имала рак.

Таа имала 62 години.

Пред да се приклучи на информативната служба на германската влада, Фиц работела за неколку германски медиуми, вклучувајќи ја и групата Аксел Спрингер.

Таа се приклучи на тимот на владини портпароли во април 2018 година како заменик главен портпарол на Меркел, Стефан Сајберт.

Фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести