Економија, финансии, бизнис

Контакт

Second hand пазарот цвета на интернет

Second hand пазарот цвета на интернет
Во битката да го забрза растот, веб порталот RealReal кој продава луксузни предмети, кои не се сакани веќе од нивните сопственици, привлече 20 милиони долари од различни странски инвеститори, објави компанијата на 6-ти мај. Компанијата која ги започна своите активности во 2011 година, има препродадено повеќе од 450 илјади луксузни предмети, пишува Business Week. Во 2013 година основачот и извршен директор на компанијата Џули Вајнрајт објасни дека очекува приходите за истата година да стигнат над сумата од 50 милиони долари. Според зборовите на Вајнрајт наоѓањето на доволен број дизајнер кеси, облека и додатоци поволно секогаш било ограничувачки фактор за бизнисот. Затоа таа се прошири и почна да продава и уметнички дела. RealReal е дел од бранот на модните онлајн продавници во САД , кој го следеше успехот на Gilt Groupe - Пионерот во овој тип на продажба. Според зборовите на инвестирачкиот капиталист од Canaan Partners Маха Ибрахим многу луѓе се обиделе да се прилагодат на моделот на Gilt . Canaan, која е нов инвеститор во RealReal, учествува во тековниот круг заедно со инвеститори од DBL и со исти такви од други компании. "Повеќе би продал една чанта за 2000 долари отколку 100 маици за 20 долари. Многу полесно е ", вели Ибрахим, изложувајќи ги можностите сајтот да почне да заработува добро и од помалку клиенти. RealReal пак тврди дека проверува внимателно дали производите реално биле продадени. Минатата година Вајнрајт изјави дека бизнисот и се развива добро и не треба повеќе инвестиции, но е веројатно дека ќе вложи средства, со кои би го финансирала растот и експанзијата во странство. K.K.
Слично

Поврзани вести