Себастијан Курц е против затворање на границите во Европа
Австрискиот канцелар Себастијан Курц е против затворањето на границите во Европа, иако на континентот веќе има втор бран на заразени.
Тој на средбата со премиерот на соседната германска покраина Баварија, Маркус Седер, разговарал за актуелната ситуација поради пандемијата на коронавирусот.
Заклучиле дека бројот на новозаразени во Баварија и Австрија расте, но дека во многу други земји, како што е Шпанија, состојбата е далеку полоша.
Велат дека затворањето на границите само би ја отежнало веќе тешката економска ситуација.Вонредна состојба е воведена во Мадрид со одлука на шпанската влада. Карантинот во шпанската престолнина ќе трае 15 дена со цел да се намали стапката на инфекција со коронавирусот.
Слично
