СЕАТ СТРАВ ВО ЕВРОПА: Исламска држава презеде одговорност за нападите во Брисел!
Исламска држава презеде одговорност за нападот во Брисел, пренесе Раша тудеј.
Белгискиот федерален обвинител Фредерик ван Леув ги окарактеризира сите три експлозии во Брисел како „терористички напади“, пренесе АП.
Бројот на жртвите и повредени не е официјално потврден, а се стравува дека има повеќе од 30 мртви.
Цел град е во блокада, безбедноста во Брисел е на највисоко ниво, на улиците се силни полициски и воени сили, над градот летаат хеликоптери, а аеродромот и системите на подземната железница и јавен превоз се евакуирани и затворени.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/4NzUgIp2rk0[/embed]
Во ова видео може да ја следите во живо состојбата во Брисел.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/RE8vaMgR10c[/embed]
Слично
