Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ: Ова повеќе не е забрането во Саудиска Арабија

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ: Ова повеќе не е забрането во Саудиска Арабија

Жените во Саудиска Арабија ќе можат да се пријавуваат во војска до четврток во покраините Ријад, Мека, Ал-Касим и Медина. 

Одлуката за регрутирање е една од бројните реформи со кои се зголемуваат женските права во таа држава.

Кралот Салман во јуни донесе декрет според кој жените ќе може да управуваат автомобил, а од минатиот месец и на стадиони да посетуваат фудбалски натпревари.

Саудиските жени не ќе може да служат во борбени единици, но ќе може да работат на обезбедување.

За да бидат примени како војници мора да исполнат 12 барања вклучително дека се државјани на Саудиска Арабија, на возраст меѓу 25 и 35 години и да имаат завршено средно образование. 

Слично

Поврзани вести