Се зголемува бројот на жртвите од земјотресот во Мароко, загинаа 820 лица, 672 повредени
Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди Мароко се искачи на 820, а најмалку 672 лица се повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.
Соопштено е дека најголемата штета и најголем број загинати има во тешко достапни планински области, а повредените се пренесени на лекување во болници, пренесе АП.
Земјотресот се случи на планинскиот венец Висок Атлас во Мароко во петокот нешто по 23 часот по локално време, на релативно мала длабочина од 18,5 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш.
Уште рано утринава објавивме за страотниот земјотрес кој го погоди Мароко.
Фото: EPA-EFE/Jalal Morchidi
Слично
