Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ЖИТЕЛИ ВО ТУРЦИЈА: Колку луѓе живеат во Истанбул?

СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ЖИТЕЛИ ВО ТУРЦИЈА: Колку луѓе живеат во Истанбул?

Се зголемува бројот на жители во Турција.

Населението се зголеми за 427.224 луѓе во 2025 година и сега надминува 86,9 милиони. Ова го покажуваат податоците за демографската слика во земјата, објавени од Турскиот институт за статистика.

Податоците се објавени врз основа на регистрација на адреси. Мажите сочинуваат 50,02 проценти, а жените – 49,98 проценти од населението. Според податоците, има 26.700 повеќе мажи отколку жени. Според статистичките податоци, има и зголемување на бројот странците кои се доселиле во Турција. Во 2025 година имало за 38.968 повеќе странци во земјата и сега нивниот број изнесува 1,5 милиони.

Меѓу странците кои живеат во Турција, има помалку мажи отколку жени – соодносот е 49,3 проценти наспроти 50,7 проценти. Податоците покажуваат дека 67,5 проценти живеат во најпрометните градови, 15,8 проценти од населението живее во потивки градови, додека 16,8 проценти избрале да живеат во села или во природа.

Истанбул продолжува да расте. Населението на метрополата достигна 15,7 милиони луѓе, што е зголемување од 52.451 луѓе. Во тој град живее 18,3 проценти од турското население. Втор најголем град е главниот град Анкара, каде што живеат 5,9 милиони луѓе. На третото место е Измир со 4,5 милиони луѓе, по што следуваат Бурса со 3,2 милиони луѓе и Анталија, каде што живеат речиси 2,8 луѓе. 

foto freepik.com/Oleksandr Ryzhkov

Слично

Поврзани вести