СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Во експлозијата во Иран загинаа 28 луѓе
Бројот на загинати по експлозијата во Иран достигна 28 луѓе, но има и над 1.000 повредени.
Билансот на загинати по вчерашната експлозија на едно од најголемите пристаништа, Раџаи во градот Бандар Абас, се искачи на 28, а 1.140 луѓе се повредени.
Експлозијата на југот на Иран не е поврзана со иранскиот одбранбен сектор. Во пристаништето немало воен материјал.
Тој ги отфрли шпекулациите дека експлозијата во пристаништето може да биде поврзана со неправилно ракување со цврсто гориво што се користи за ракети. Пожарникарите досега успеале да изгаснат скоро 80 проценти од пожарот што избувнал по експлозијата.
Експлозијата искршила прозорци со дијаметар од неколку километри, објавија иранските медиуми.
Слично
