Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ШПАНИЈА: Меѓу настраданите има и странци од повеќе земји

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ШПАНИЈА: Меѓу настраданите има и странци од повеќе земји

Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија се искачи на 224, a 16 луѓе се уште се водат како исчезнати, објавено е на веб-страницата на шпанската влада.

Како што е објавено, 216 лица загинале во Валенсија, седум во Кастиља Ла Манча и едно во Андалузија, пренесува Ефе.

Повеќе од 100 од 216 смртни случаи регистрирани досега во Валенсија биле на возраст над 70 години, а девет биле малолетни, според официјалниот извештај на Центарот за интеграција на податоци објавен во јавноста од Врховниот суд на правдата во Валенсија.

Од вкупниот број загинати, 131 се мажи, а 85 се жени, 190 се од шпанска националност, а уште 26 се од 11 други земји.

Од 26-те странци кои настрадаа, 9 луѓе се од Романија, но жртви има и од Мароко (4), Кина (4), Обединетото Кралство (2), Еквадор (1), Венецуела (1) , Украина (1), Холандија (1), Тунис (1), Колумбија (1) и Парагвај (1).

Малага во Шпанија деновиве се соочи со големи поплави. 

Слично

Поврзани вести