Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЗАСОЛНУВАЛЕ ВО ПЕШТЕРИ И ПЕШАЧЕЛЕ ПО 30 ЧАСА: Ерменците избегаа од Нагорно - Карабах, а Ерменија му сврте грб на Путин

СЕ ЗАСОЛНУВАЛЕ ВО ПЕШТЕРИ И ПЕШАЧЕЛЕ ПО 30 ЧАСА: Ерменците избегаа од Нагорно - Карабах, а Ерменија му сврте грб на Путин

Во Нагорно - Карабах не остана речиси никој. Раселените со денови пешачат до Ерменија, а децата пристигнуваат дехидрирани и неухранети. Eрменците раскажаа дека 29 часа оделе пеш и дека било многу тешко. Меѓу бегалците има околу 30.000 деца.

Пограничниот ерменски град Горис сега е засолниште за повеќе од 100.000 бегалци од Нагорно Карабах, по воената операција од Азербеџан минатата недела.

Ерменците патуваа со денови, а засолништа наоѓале во пештерите. Единствениот пат кој го поврзува Нагорно - Карабах со Ерменија беше под блокада 9 месеци од Азербеџан. За да ги избегнат азербеџанските дронови, бегалците мораа патот да го најдат низ густите и студени шуми.

Утринава од таму си замина и последниот автобус со жители, и во овој распарчен регион останаа цивили кои можат да избројат на рака, соопшти мисијата на ОН која од неделата престојува во градот. 

Ерменските пратеници гласаа во вторникот нивната земја да се приклучи на Меѓународниот кривичен суд (МКС), потег што веројатно ќе предизвика бес од Москва, долгогодишниот сојузник на јужнокавкаската држава. Кремљ ја критикуваше одлуката на парламентот на Ерменија да се приклучи кон судот со седиште во Хаг, кој издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.

Слично

Поврзани вести