Се засилува бранот на Турци азиланти кон Германија
Откако беше извршен обидот за преврат во Турција против претседателот Реџеп Таип Ердоган од 15 јули, многу турски граѓани поднеле барање за азил во Германија.
Во првата половина на годинава се регистрирани 1719 барања за азил. Тоа е речиси ист број како во текот на целата измина 2015 година, кога азил побарале 1767 луѓе, пишува германското издание „Тагесшпигел", повикувајќи се на податоци од Федерално биро за миграција и бегалци.
Во бирото посочуваат дека допрва ќе направат проценка за тоа како пропаднатиот преврат се одразил на бројот барања за азил.
Уште пред настаните од минатиот месец се појавија пораки за влошување на состојбата со човековите права во Турција, каде голем број новинари, блогери и други луѓе беа уапсени поради обвиненија, меѓу кои и за навреда на претседателот.
Поголем дел од турските бегалци се од курдско потекло. Според податоците, од вкупно 1719 барања оваа година 1510 се Курди. Владата во Анкара лани во текот на летото започна воена операција против забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), откако пропадна речиси двегодишното примирје меѓу неа и властите.
Меѓутоа процентот на запишани барања за азил на Курди (5,2%) во Германија е понизок од оној на Турците како целина (6,7%).
