Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се заразил со коронавирусот и поминал 306 дена во болница

Се заразил со коронавирусот и поминал 306 дена во болница

Британец поради коронавирусот минал 306 дена во болница, а сега е пуштен дома. 

Пензионираниот адвокат Џефри Вулф се заразил со коронавирусот во првите денови од пандемијата, а по дури 306 дена минати во болница вчера е пуштен дома. Еден од неговите синови вели дека тоа беше „ѓаволска борба".

Се верува дека 74-годишниот Британец минал еден од најдолгите периоди на болничко лекување од ковид, пишува "Guardian". Првата фаза на неговото лечење траела 127 дена, од кои 67 минал на респиратор. Од болницата е испратен со аплауз, по што бил префрлен на невролошка рехабилитација за говор и физикална терапија. На рехабилитација поминал дополнителни 179 дена, а вчера е пуштен дома.

Слично

Поврзани вести