Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЗАРАЗИЈА РУДАРИ: Во Полска затворени 12 рудници

СЕ ЗАРАЗИЈА РУДАРИ: Во Полска затворени 12 рудници

Поради ширење на коронавирусот, Полска затвора 12 рудници за јаглен. 

Мерката вчера ја најави вицепремиерот Јацек Сасин. Земјата информираше дека има брз раст на бројот на случаи на коронавирус кај рударите, при што регионот на југот на земјата бележи најголем број на инфекции. Во моментов рударите за јаглен опфаќаат скоро 20 отсто од сите случаи на коронавирус во државата. 

Рударите ќе добиваат цела плата околу три недели. Во Полска до вчера имаше пријавено вкупно 2.770 случаи на заразени со коронавирус.

Во земјата 1.161 луѓе починаа од Ковид-19 и заразени се 26.780.

Но, ова не е прв случај да има заразени рудари. 

Во најдлабокиот рудник во светот Мпоненг во јужниот дел на Африка во мај со коронавирус се инфицирале 164 рудари.

Слично

Поврзани вести