Се запали затоа што не му дадоа азил во Германија
Иранец на возраст од 35 години, се самозапали откако германските власти не му го одобриле барањето за азил.
Тој им пристапил на две службенички во регионалната служба во близина на Штутгарт и им го покажал писмото во кое е наведено дека било одбиено неговото барање за азил.
Службеничките се обиделе да му помогнат, но како што информираат од полицијата, тој станал агресивен и од неговиот ранец земал шише со запалива течност и додека властите се обиделе да реагираат тој се самозапалил. Од 2015 година околу 1,2 милиони бегалци кои бараат азил се наоѓаат во Германија.
Слично
