Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се запали најголемата депонија за автомобилски гуми во светот

Се запали најголемата депонија за автомобилски гуми во светот

Гори најголемата депонија за автомобилски гуми во светот. 

Повеќе од седум милиони фрлени гуми горат кај градот Ал Сулаиби во Кувајт, а пожарот е видлив дури и на сателитските снимки. На снимката која ја виделе над милион луѓе се гледа густ црн чад во воздухот, а многумина се загрижиле поради загадувањето кое ќе го предизвика, но и поради климатските промени. Британски "Daily mail" во 2013-та година објавил репортажа во која наведува дека секоја година се копаат џиновски дупки во земјата во тој град за да се закопаат стари гуми.

Слично

Поврзани вести