СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ ТРАМП: Властите во Аризона трагаат по 66 годишен маж
Потера има по 66-годишен маж во Аризона кој се заканувал дека ќе го убие кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп.
Властите во Аризона покренаа итна потрага по маж кој наводно се заканувал дека ќе го убие Трамп за време на неговото најавено патување.
Роналд Ли Сирвуд (66) се бара во врска со наводниот заговор за атентат, наводно планиран при посетата на Трамп во округот Кочиз, Аризона, денеска.
Трамп денеска го одржа првиот митинг по атентатот, поради што одржа говор опкружен со непробојно стакло во градот Ешборо, Северна Каролина.
Трамп зборуваше во Северна Каролина, на првиот јавен состанок откако беше ранет минатиот месец во пукање на митинг во Батлер, Пенсилванија. Тогаш во него пукаше младо момче.
Слично
