Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЗАКАНУВААТ СО ИСКЛУЧУВАЊЕ: Онтарио ја зголемува цената на струјата за Американците

СЕ ЗАКАНУВААТ СО ИСКЛУЧУВАЊЕ: Онтарио ја зголемува цената на струјата за Американците

Онтарио ја зголемува цената на струјата за Американците, им се заканува со исклучување. 

Канадската покраина Онтарио денеска објави дека веднаш ја зголемува цената на електричната енергија за 25 проценти за американските домаќинства, како одговор на царините што неодамна ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

Премиерот на Онтарио, Даг Форд, најави дополнителна такса за извозот на електрична енергија, која ќе погоди околу 1,5 милиони американски домови и компании што Онтарио ги снабдува во Минесота, Мичиген и Њујорк.

Се проценува дека дополнителната наплата ќе изнесува до 400.000 канадски долари (околу 277.200 американски долари) дневно, додавајќи околу 100 канадски долари месечно на сметките на американските потрошувачи.

„Да бидам јасен, нема да се двоумам да ја зголемам оваа такса доколку биде потребно. Ако САД ја ескалираат ситуацијата, нема да се двоумам целосно да ја исклучам струјата“, предупреди Форд.

Претседателот на САД неодамна започна трговска војна со соседите Мексико и Канада, воведувајќи 25-процентни царини на целиот увоз, но набрзо дел од мерките беа повлечени.

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп откако стапи на власт кажа дека сака Канада на биде 51-та држава на САД. 

Слично

Поврзани вести