Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се заканува жега, Арктичкиот морски мраз исчезнува

Се заканува жега, Арктичкиот морски мраз исчезнува

Оваа година Арктичкиот мраз падна на рекордно ниско ниво, а научници велат дека топлината ќе биде безмилосна.

Невообичаено високите температури над Арктичкиот Океан, се причина за втора година по ред да има рекордно ниски нивоа на Арктичкиот морски мраз. Ова го пишуваат медиумите, повикувајќи се на Националната управа за истражување на океаните и атмосферата и НАСА. На 24 март оваа година Арктичкиот морски мраз бил со покриена рекордно мала површина од 14,52 милиони квадратни километри. Досегашниот рекорден минимум од 14,54 милиони квадратни километри беше забележан на 25 февруари минатата година.

„Никогаш не сме биле сведоци на толку топла, ненормална зима во Арктикот. Топлината беше безмилосна"- велат научниците од Националната истражување на океаните и атмосферата.

Тие истакнуваат дека температурите над Арктичкиот Океан во месеците декември, јануари и февруари биле од 2 до 6 степени повисоки од просечните вредности за тоа време во арктичкиот регион.

Слично

Поврзани вести