Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЕ ЗАКАНУВА ЕПИДЕМИЈА НА ДЕТСКА ПАРАЛИЗА ВО ГАЗА“: „Траги од вирусот се пронајдени во отпадните води“

„СЕ ЗАКАНУВА ЕПИДЕМИЈА НА ДЕТСКА ПАРАЛИЗА ВО ГАЗА“: „Траги од вирусот се пронајдени во отпадните води“

Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена поради можноста од појава на високо заразниот вирус на полио во Газа, чии траги се пронајдени во отпадните води, јавува денеска Би-би-си.

Шефот на тимот на СЗО на палестинските територии, Ајадил Сапарбеков, за новинарите изјави дека се врши проценка на ризикот и дека здравствените работници во меѓувреме даваат совети за заштита на 2,3 милиони жители на Газа.

Како што нагласи, ќе биде многу тешко луѓето да го следат, со оглед на дефектот наводоводните и санитарните служби.

Траги од детска парализа, која се шири преку фекална материја, беа пронајдени во примероците од канализацијата собрани од две локации во Газа пред еден месец, што укажува дека вирусот можеби циркулира.

Досега не се пријавени случаи поврзани со детска парализа, но израелската војска во неделата соопшти дека почнала да ги вакцинира своите војници.

Од друга страна, СЗО и УНИЦЕФ веруваат дека можеби е потребна масовна кампања за вакцинација во Газа.

Полиомиелитисот е предизвикан од вирус кој лесно се шири со контакт со измет на заразено лице или, поретко, со капки при кашлање или кивање и може да предизвика парализа, а во екстремни случаи и смрт.

Светската здравствена организација тврди дека стапките на имунизација во Газа и окупираниот Западен Брег биле оптимални пред конфликтот.

Покриеноста со вакцина против детска парализа се проценува на 99 отсто во 2022 година, но според најновите податоци, минатата година таа падна на 89 отсто.

Според извештајот на ОН, недостатокот на безбедност, ограничувањата на пристапот, постојаното раселување на населението, недостигот на медицински материјали, лошиот квалитет на водата и ослабените санитарни услови придонеле за пониски стапки на имунизација и зголемен ризик од ширење на болеста.

Д-р Сапарбеков рече дека многумина живеат во засолништа со само еден тоалет на 600 луѓе и имаат ограничен пристап до здрава вода за пиење.

Министерството за здравство на Газа, кое го раководи Хамас, предупреди минатиот четврток на „здравствена катастрофа“ по откривањето на детска парализа во канализацијата што тече „помеѓу шаторите во камповите и во населените места“.

Светската здравствена организација нагласува дека прекинот на огнот е од суштинско значење за да се овозможи ефективен одговор.

фото: EPA

Слично

Поврзани вести