Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ЗАЈАКНУВА АГРЕСИЈАТА ВРЗ НИГЕР, ХУНТАТА ОДБИВА ДИПЛОМАТСКИ ДИЈАЛОГ: ECOWAS се закани дека воено ќе интервенира

СЕ ЗАЈАКНУВА АГРЕСИЈАТА ВРЗ НИГЕР, ХУНТАТА ОДБИВА ДИПЛОМАТСКИ ДИЈАЛОГ: ECOWAS се закани дека воено ќе интервенира

Воениот режим во Нигер, кој дојде на власт со државен удар, ја отфрли понудата на Западна Африка и Соединетите Американски Држави за разговори за да се избегне воена интервенција за враќање на уставниот поредок, што сè уште е можно.

Два дена пред самитот на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS) за ситуацијата во Нигер, војската на власт во Ниамеј објави дека не може да примат делегација од организацијата од безбедносни причини.

„Сегашните околности, во кои преовладуваат гневот и бунтот на населението поради санкциите на ECOWAS, не ни дозволуваат да ја пречекаме споменатата делегација во мир и безбедност“, се вели во писмото на Министерството за надворешни работи на Нигер, испратено до ECOWAS.

Во писмото се истакнува дека одложувањето на состанокот планиран за вторник „се покажа како неопходно (...) поради очигледни безбедносни причини, додека се заканува агресија врз Нигер“.

Во писмото не се споменуваат Африканската унија (АУ) и ОН, чии претставници требаше да ги придружуваат претставниците на ЕКОВАС во Ниамеј, велат дипломатски извори.

Привремено ги укинуваат постојаните дипломатски дозволи за авиони

Истото министерство во друго писмо објави дека „постојаните дипломатски дозволи“ доделени во 2023 година „за авиони на пријателските и партнерските земји на Нигер“ се „привремено укинати“, без да прецизира за кој тип на авион и земја се однесува.

ECOWAS се закани дека ќе интервенира воено во Нигер за да го врати претседателот Мохамед Базум, соборен со пуч на 26 јули. Таа закана во форма на седумдневен ултиматум што им го дадоа лидерите на ЕКОВАС на војниците на Нигер не се реализираше откако истече во неделата вечерта, бидејќи организацијата рече дека му дава приоритет на дијалогот. Одложувањето на посетата на западноафриканската делегација следи по уште еден знак за недоверба на новите лидери на Нигер, назначувањето на цивилниот премиер Али Махаман Ламин Зеин во понеделникот вечерта, што може да биде првиот чекор кон назначување на преодна влада.

Франција, поранешна колонијална сила која редовно се оцрнува на протестите во Западна Африка - користени од Русија - во вторникот преку дипломатски извор изјави дека ги поддржува „напорите на земјите во регионот за повторно воспоставување на демократијата во Нигер“.

Нигер е, инаку, сиромашна и нестабилна земја, но има многу богатства. Според некои проценки, повеќе од десет милиони луѓе во Нигер живеат во екстремна сиромаштија, а мал степен на закрепнување се случи во 2022 година. Сето ова сега е загрозено кога беше извршен пучот, што доведе до дополнителна нестабилност во земјата и регионот.

Имено, Нигер е еден од најголемите производители на ураниум во светот. Дополнително, податоците покажуваат дека дневно пумпа околу 20.000 барели нафта, а има и рудници за злато.

Во 2022 година Нигер произведе 2.020 тони ураниум, нешто повеќе од четири отсто од светското производство, што значи дека оваа земја е водечки извозник на ураниум во Европската унија.

Според Светската банка, Нигер извезува најмногу ураниум и злато, а оваа земја е седми по големина производител на ураниум во светот.

ФОТО: EPA

Слично

Поврзани вести