Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се забранува пушењето во Чешка?

Се забранува пушењето во Чешка?

Од почетокот на идната година, се најавува водедување на забрана за пушење на цигари во чешките кафеани и ресторани. Забранети ќе бидат и електронски цигари, како и наргиле во чие полнење има тутун.

Како што јавуваат чешките медиуми, според новите законски одредби кои се готват, пушење ќе биде дозволено само на отворените тераси и градини на угостителските објекти. Исто така со новиот Закон ќе биде забранета продажба на цигари во автомати, за да не може до нив да дојдат деца.

Според најновите анкети, речиси 78 проценти од населението се изјасниле за воведување на забрана за пушење во рестораните и баровите. Од 40.000 - 80.000 евра казна е предвидена за продажба на алкохол и цигари на деца и постари малолетници.

Слично

Поврзани вести