СЕ ЗА РУСКИОТ АВИОН: Пилотите застрелани, живи или заробени?
Многу теории, малку информации има за судбината на двајцата пилоти кои утрово беа соборени во воен авион од страна на турските власти.
Несреќата се случи утринава кога два турски авиони го соборија урскиот СУ-24 над границата на Сирија.
Од една страна, Сиријските бунтовници објавија вознемирувачко видео на која се гледа маж кој неподвижен лежи на земја и е тешко ранет.
Тие тврдат дека е мртов руски пилот. Од групата мажи се слуша како извикуваат „тоа е рускиот пилот“, а потоа извикуваат „Господ е голем“, јавува Меил онлајн.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=Y9UJcX_UVB0[/embed]Претходно пак, Ројтерс јави дека двајцата пилоти се спуштале со падобран и двајцата биле застрелани и убиени од туркменистанските сили.
„Обајцата пилоти беа мртви кога паднаа. Нашите соборци пукале во воздух и тие починале во воздух“, рекол Алпаслан Челик, заменик-командант на сириска туркменистанска бригада. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/ztU3lEerO_I[/embed]Според други информации пак, еден од двајцата пилоти на соборениот руски авион го заробиле сириските бунтовници, јави телевизијата Си-ен-ен Турк.
Во планинската област во близина на турската граница, од спротивната страна на провинцијата Хатај на југ, пилотот е заробен од бунтовниците Туркмени, кои се борат против сирискиот претседател Башар ал-Асад. И на крајот, турски функционер во изјава за Ројтес тврди дека и двајцата пилоти на рускиот борбен авион се живи. Турција верува дека двајцата пилоти се живи и работи на нивно ослободување од сириските бунтовници, рекол функционерот за Ројтерс. „Нашите единици, кои ја добија информацијата дека двајцата пилоти се живи, работат на тоа безбедно да ги извлечат од опозициските бунтовници“, рекол функционерот.
Според турските власти авионот бил соборен откако по 10 предупредувања, рускиот авион не го напуштил воздушниот простор над Турција.
Од друга страна пак, рускиот Претседател тврди дека турскиот авион го соборил рускиот иако летал километри подалеку од турската граница и не претставувал опасност за безбедноста на Турција.
Тој рече дека со ова Турција и забила нож на Русија и за тоа ќе има последици.
Од руското министерство за одбрана велат дека рускиот авион е соборен на неговиот пат кон воздушната база Хмејмим на територијата на Сирија. Руската телевизија објави снимка, односно реконструкција на соборувањето на рускиот авион над турско-сириската граница. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Vmv6QDYJsV4[/embed] Русија одма прати воени хеликоптери да трагаат по пилотите, чии за чии судбини се уште нема сигурни информации.