Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ВРАЌААТ МЕЃУНАРОДНИТЕ ПАТУВАЊА: Со ковид-пасоши и под поинакви услови и протоколи, сепак ќе се патува

СЕ ВРАЌААТ МЕЃУНАРОДНИТЕ ПАТУВАЊА: Со ковид-пасоши и под поинакви услови и протоколи, сепак ќе се патува

Британските граѓани од 17. мај ќе добијат ковид пасоши, но само ако ги примиле двете дози на вакцината против Ковид-19. Министерот за транспорт, Грант Шапс рече дека оние кои биле вакцинирани може да ја користат апликацијата на Националната здравствена служба (НХС) за да го покажат својот статус, објави „Сан”.

Оние пак кои ја немаат апликацијата, како што вели Шпас, ќе можат да побараат писмена потврда од НХС, кое би ја имале со себе за време на патувањето.

-Денеска го одбележуваме првиот чекор кон претпазливо враќање на меѓународните патувања, со преземени мерки за заштита на јавното здравје и да се осигураме дека нема да се отфрли тешко освоената победа за која сите се стремевме оваа година, рече министерот Шапс.

Според него, луѓето можат да очекуваат патувањето да биде малку поразлично ова лето, односно  подолго да се чека на граница, заради построгите мерки за спречување влез на нови видови коронавирус во Велика Британија

Инаку, информацијата за издавањето ковид-пасоши во Велика Британија следи откако министерот Шапс ја соопшти т.н. „зелена листа” на земји каде Британците можат да одат на одмор, Португалија, Израел и Исланд. 


Слично

Поврзани вести