Се враќа интересот кон доларот
Девизните шпекуланти ги зголемија влоговите за поскапување на доларот до највиското ниво од два месеци - споредниот шпекулативен сигнал за американската валута . Вредноста на нето долгите позиции се зголеми до 17,1 милијарди долари за неделата до 19 ноември , во споредба со 14.46 милијарди долари во претходната недела.
Ова е највисоко ниво на долгите позиции од 10 септември наваму , покажуваат податоците на Комисијата за трговија со фјучерси . Особено големи се влоговите при доларот во однос на јапонскиот јен , кои се на највисоко ниво во последните шест години . Американската валута се зголеми денес до четиримесечниот врв во однос на јапонскиот јен , достигнувајќи речиси до клучното ниво од 102 јени за долар.
Очекувањата за намалување на стимулите од страна на ФЕД во голема мера се во основата на прогнозираната сила за "зелените пари " . Во моментов се забележува враќање на позитивните очекувања за американскиот долар со сите овие шпекулации за ФЕД " , смета Џефри Халеј , монетарен стратег во Saxo Capital Markets , пренесува CNBC .
Слично
