Се воведуваат „Азиските Нобелови награди“!?
Самјуел Ин милијардер од Тајван вчера воведе научна награда, што обезбедува сериозна парична премија за истражувачи во области за кои тој верува дека се заобиколувани од традиционалните Нобелови награди, пренесе ДПА.
Наградата „Тан“ располага со фонд од три милијарди тајвански долари (102 милиони долари) и со неа ќе бидат наградувани научници со придонес во областите како настојчив развој, биофармација и владеење на законот.
Победниците ќе добиваат по 1,7 милиони долари, што е сума повисока од таа за Нобеловите награди за кои се добива по 1,2 милиони долари. „Се надевам дека оваа награда ќе придонесе за повеќе истражувања, кои ќе се корисни за светот и човештвото, ќе ја поддржат кинеската култура и светот ќе го направат едно подобро место“, истакна Ин по повод востановувањето на наградата. Тајванските медиуми наградата веќе ја нарекоа „Азиските Нобелови награди“.Највисоката научна институција на островската држава „Академија синика“ ќе се занимава со номинациите, а конечниот избор ќе се прави од борд, чии членови ќе се избираат лично од Ин. Наградата ќе се доделува на секои две години, а првите лауреати ќе бидат прогласени во јуни 2014 година.
Ин е претседател на тајванскиот конгломерат „Руентекс груп“ (Ruentex Group), што има сериозни интереси во трговијата на мало, текстилната индустрија, недвижните имоти и осигурителниот сектор во Тајван и Кина. Тој е познат со своите големи донации за образованието и добротворните случаи во Кина.
