Се воведува заеднички надзор на банките во еврозоната?
Министрите за финансии од Европската унија утринава во Брисел постигнаа договор за супервизија на банките од еврозоната од 2014 година. По неколку месеци преговори, со новиот договорор, Европската централна банка ќе има овластување директно да контролира најмалку 150 банки во еврозоната.
Комесарот Мишел Барние изјави дека договорот е голем прв чекор за банкарски сојуз. Создавањето заеднички надзор во банките во еврозоната, кој е доверен на Европската централна банка (ЕЦБ), е првата етапа која европските лидери сакаат да ја средат за избегнување нови кризи.
Слично
