Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се воведува нов стандард во куќите на богаташите

Се воведува нов стандард во куќите на богаташите
Новата фантастична станбена палата Chateau Des Fleurs во предградието Бел Ер во Лос Анџелес нуди нешта , какви што досега немало во куќите на супербогаташите . Во него има специјализирани соби , каде на идниот сопственик ќе може да му се вбризгува ботокс или да му се белеат забите ако треба да држи говор , да учествува во ТВ пренос или да се покаже на прием , тврди британскиот весник " Дејли мејл" . Според изданието , тоа не е прашање само на луксуз , раскош или уживање , туку и на прагматизам . Ако познат бизнисмен отиде во болница , тоа може да доведе до паѓање на акциите на неговата компанија . Зошто да нема живеалиште , каде што ќе може да се вршат лекарски процедури ? Сакате сопствено одделение за интензивна терапија зад кујнската ѕид ? Молам! Архитектите и дизајнерите кои работат на пазарот на бескрајниот луксуз , се обидуваат да ги исполнат најнеочекуваните желби на своите клиенти . Така тие формираат нов стандард за домовите на супербогаташите , заклучува весникот. Инаку Chateau Des Fleurs има површина од 5600 квадратни метри и чини 100 милиони долари. Базенот , спалните , домашниот ресторан , тениско игралиште или терен за сквош , огромен салон за приеми, се веќе тривијално уживање.
Слично

Поврзани вести