СЕ ВООРУЖУВААТ ГРАЃАНИТЕ, НО И ВОЈСКАТА: Се создава најмоќната армија во Европа
Полска наскоро ќе ја има најсилната армија во Европа. Државата е на пат да создаде армија од 300.000 луѓе. Лани оружје поседувале 164.000 Полјаци. За споредба, во 2015 година таа бројка изнесуваше само 95.000.
Министерот за одбрана Мариуш Блашчак во интервју за полските медиуми најави брз раст на воената моќ на Полска. Кажа дека воената поддршка за Украина ќе продолжи.
„Ќе бидеме најсилната армија во Европската Унија, згора на тоа, веќе можеме да прочитаме во странскиот печат дека ја градиме најсилната армија во Европа. Подложени сме на критики од опозицијата. Верувам дека тие што не критикуваат и исмеваат не и нанесуваат штета на Полска“, објасни министерот за ТВП Инфо.
Полска станува тенковска сила. Станува збор за тенкови од Јужна Кореја и Америка, кои Полска ги набавува откако почна војната во Украина. Тоа се 1.360 тенкови.Полска прими најмногу украински бегалци, но со воена помош на Украина се надева дека ќе спречи нов бран.
Читајте уште
Што распоредува Полска на границите со Украина и Белорусија?Медведев за 2023: Европа ќе се распадне, Полска ќе биде поделена, Франција во војна
Откако почна војната во Украина, повеќе полски политичари упатија остри зборови, па дури и навреди кон своите руски колеги.
