Се влошила состојбата на Трамп
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп не се чувствува добро, откако се зарази со коронавирусот.
Здравствената состојба на Трамп се влошила и кај него се појавиле кашлица и треска, пишува таблоидот Vanity Fair повикувајќи се на „двајца републиканците кои се во близок контакт со Белата куќа“.
„Што се однесува до (првата дама на САД) Меланија (Трамп), тие велат дека таа е без симптоми. Загрижени се за претседателот поради неговата возраст“, рекол неименуваниот соговорник на таблоидот.
Од резиденцијата на Tрамп веднаш не одговориле на барањето за коментар.
Советници во кампањата на Трамп, не знаеле како ќе се одвива кампањата по дијагнозата на Ковид -19 на само 32 дена пред изборите. Изворите на порталот изразиле сомневање дека следните две телевизиски соочувања ќе се одржат.
Денеска е потврдено дека Доналд и Меланија Трамп се заразени со коронаворусот, а нивниот личен лекар истакна дека двајцата се чувствуваат добро и дека претседателот ќе продолжи да ги извршува своите државнички должности.
