Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ВЕАТ УКРАИНСКИ ЗНАМИЊА ПО КОЛИТЕ, ЛУЃЕТО СЛАВАТ НА УЛИЦИТЕ - Украинската војска влезе во Херсон

СЕ ВЕАТ УКРАИНСКИ ЗНАМИЊА ПО КОЛИТЕ, ЛУЃЕТО СЛАВАТ НА УЛИЦИТЕ - Украинската војска влезе во Херсон

Жителите на Херсон се возат низ градот со автомобили на кои веат украински знамиња и свират, откако беше потврдено дека украинската војска влегла во Херсон. На овој начин им ставија до знаење на сите дека Херсон е ослободен по окупацијата која траеше подолго од осум месеци.

Фотографии се шират: Граѓаните поставија знамиња, добредојде на украинската војска

На социјалните мрежи кружат се повеќе фотографии од Херсон. Граѓаните на тој до неодамна окупиран град поставија неколку украински знамиња и ги пречекуваат припадниците на вооружените сили на Украина.

Член на украинскиот регионален совет на Херсон им порача на граѓаните на Херсон на Телеграм да останат во своите домови додека војската го пребарува градот по руски војници кои останале таму.

Тој исто така тврди дека голем број руски војници се удавиле обидувајќи се да побегнат од Херсон препливајќи ја реката Днепар. Тој додаде дека „речиси целиот град“ е под контрола на вооружените сили на Украина.


Слично

Поврзани вести