Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ УРНАА ДОМОВИ, А 17 ЛУЃЕ СЕ ПОВРЕДЕНИ: Двa земјотреси го погодија Непал

СЕ УРНАА ДОМОВИ, А 17 ЛУЃЕ СЕ ПОВРЕДЕНИ: Двa земјотреси го погодија Непал

Силни земјотреси имаше во Непал. Два земјотреси денеска го погодија Непал, каде 17 луѓе се повредени. Станува збор за 11 жени и шест мажи кои се згрижени во болница.

Оштетени се домови и предизвикано е лизгање на земјиштето што блокираше голем автопат. Некои домови се урнаа во градот Чаинпур. 

„Свлечиштето предизвикано од земјотресите со јачина од 6,3 и 5,3 степени во областа Баџанга долж границата со Индија го блокираше патот кон јужните рамнини“, изјави претставникот на Министерството за внатрешни работи Рама Ачарја.

Една жена е исчезната. Земјотресите со епицентри во Талкот и Чајнпур се случија во рок од 30 минути. Последователните потреси од земјотресот можеа да се почувствуваат дури до главниот град на Индија, Њу Делхи, каде луѓето ги напуштија своите домови и деловни згради. 

Серија земјотреси ја погодија и Италија, a луѓето излегоа на улиците. 

Слично

Поврзани вести